Бидејќи е навивач на двата клуба, му го одзеле билетот и нема да оди на стадион

Крег Куртис живее во Бристол и со мерак чекал да го гледа во живо дуелот против Лидс, но за негова жал нема да биде на стадионот денеска, иако имал купено карта. Куртис неодамна имал тешка операција по која добро закрепнува, па по подолго време решил да оди на фудбалски меч и да го гледа дуелот меѓу Бристол и Лидс.

Тоа се двата клуба за кои Куртис навива. Успеал да купи билет преку он-лајн продажбата и тоа за трибина каде што најчесто се помирните фанови на Бристол. Среќата дека ќе може да го гледа дуелот на двата тима за кои навива, брзо била прекината.

Од клубот Бристол му стигнало соопштение дека билетот кој го купил ќе му биде поништен, а парите кои ги платил ќе му ги вратат. Причина за ваквата одлука на челниците на Бристол е тоа што Буртис некогаш бил регизтриран како навивач на Лидс. Во претходните неколку години на мечевите на овие два клуба се случувало да има ициденти токму на трибините кај што најчесто седат помирните фанови, а тоа било се поради тоа што имало и навивачи на Лидс.

Од Бристол направиле список на луѓе кои купиле билет за мечот, а не биле претходно регистрирани како навивачи на домашниот клуб и го пратиле во Лидс. Од Лидс стигнало потврда дека Куртис пред многу години бил регистриран како навивач на нивниот клуб.

„На натпревар на Лидс не сум бил со години, не се ни сеќавам кога тоа се случило последен пат. Сакав само да го гледам мечот на овие два тима. не ми падна на памет да правам проблеми. Ако Лидс дадеше гол, сигурно немаше да се радувам, но ако Бристол постигнеше погодок, ќе аплаудирав. Да бев некој хулиган ќе ми беше јасно зошто сум одбиен, но вака е смешно“, рече Куртис.

По оваа жалба на навивачот, се огласија и од клубот на Бристол.

„Секогаш ни е тешко кога на некој навивач треба да му ја откажеме картата за нашиот стадион, но овојпат ги почитувавме само правилата. Господинот е евидентиран како навивач на Лидс и не сакавме да ризикуваме. Жал ни е, но такви се правилата“, стои во соопштението на Бристол.

Лидс во чии редови игра и македонскиот репрезентативец Џани Алиоски е на второто место на табелата во Чемпионшип со 67 бодови, додека Бристол е на шестото место со 54 бодови и се бори за место во плеј-офот за пласман во Премиер лигата. Мечот започнува во 16 часот, а комплетната понуда за обложување на овој меч ја имате на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести