БиХ си оди дома со сеќавање за триумфот над Словенија

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги победи Унгарија и актуелниот првак Словенија, но тоа не беше доволно за пласман во осминафиналето на Евробаскетот. Босанците денеска загубија од Литванија со 70-87, и за нив првенството е завршено.

Литванците уште вчера по победата на Франција против БиХ, го прославуваа останувањето на ЕП, беа сигурни во денешната победа, и тој оптимизам се покажа како оправдан.

Пет различни кошаркари од Литванија имаа 12 или повеќе поени, додека БиХ само Нуркиќ и Муса беа двоцифрени.

Во осминифналето, Литванија ќе игра против Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести