Билбао и Селта го одиграа еден од најлудите мечеви сезонава

Атлетик Билбао ја победи Селта Виго со 4-3 во можеби најинтересниот меч во шпанското првенство сезонава.

Гостите водеа со 1-0 и 2-1, а при 3-3 утнаа пенал. Ударот од белата точка не успеа да го реализира нивниот најдобар играч Јаго Аспас. Аспас кој погоди 28 од првите 31 пенали во кариерата, утна пет од последните девет.

Победничкиот гол за баскискиот тим беше од пенал во 97-ма минута, а стрелец беше Беренгер.

Ова е шести пат во меѓусебните дуели на овие две екипи да има 7+ голови. „Сан Мамес“ е стадионот на кој сезонава паднале најмногу голови во Ла Лига, засега се 29.

Ова е пеналот кој Унаи Симон му го одбрани на Аспас:

- Оглас -

Најнови вести