Билетите на црно се препродаваат и до 175 евра

Неверојатен е интересот кај фудбалските навивачи во Хрватска за следење во живо на дуелот против Унгарија, на „Пољуд“ во Сплит. Од Фудбалската федерација на Хрватска потврдија дека се пуштени дополнителни 500 билети и само најсреќните и најбрзите ќе имаат можност да стигнат до скапоценото парче хартија.

Најскапите билети чинеа 250 куни (околу 2.000 денари), а на пазарот на црно сега се продаваат и за сума од 1.300 куни (речиси 11.000 денари, односно 175 евра).

Дуелот се игра в четврток, а може многу да реши околу трката за селекциите кои се борат за пласман на ЕП 2020. Хрватска моментно е лидер во групата со 10 бодови, а Унгарија и Словачка имаат по 9 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести