Бизарен проблем за Бразил – Ричарлисон има заушки

Бразил има неочекуван, по малку и бизарен проблем пред мечот со Парагвај што ќе се игра ноќеска од 02.30 часот во Порто Алегре, а Ричарлисон нема да настапи поради заушки.

Играчот на Евертон тренираше со останатите репрезентативци, но на прегледот потоа било констатирано дека нема да може да настапи против Парагвајците во првото четвртфинале на Копа Америка.

Поради превентива сите останати репрезентативци на Бразил веднаш по четвртфиналето ќе бидат вакцинирани, а „кариоките“ сега имаат неочекуван проблем на патот да ги остварат амбициите и да се обидат како домаќини по деветтипат да ја освојат круната во Јужна Америка.

 

- Оглас -

Најнови вести