Засилувањето за Њукасл кое пристигна од Лестер за 44 милиони евра го очекува подолга пауза од фудбалските терени поради бизарна повреда.
Харви Барнс без контакт, на трчање, го повредил палецот на стапалото и сега се очекуваат дополнителните прегледи за да се утврди колку точно ќе треба да паузира.
„Беше на снимање, се работи за повреда на делот од стапалото кај палецот. Не сум стручњак, но се плашам дека е сериозна повреда, нема да може да игра неколку месеци. Допрва треба да се одлучи дали му е потребна операција. Многу необична повреда, без контакт, се случи во момент кога започнуваше со спринтот“, вели тренерот на Њукасл.
Барнс оваа сезона одигра седум натпревари за Њукасл, на коишто постигна еден погодок и запиша една асистенција.