Англискиот премиерлигаш Ливерпул официјално потврди дека Ибрахима Конате ќе го напушти клубот како слободен играч по истекот на актуелниот договор.
Договорот на францускиот стопер истекува за еден месец, а двете страни не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Тоа значи дека Конате ќе може без обештетување да му се приклучи на нов клуб во текот на летниот преоден рок.
Заминувањето на 27-годишниот дефанзивец претставува значителен удар за Црвените, со оглед на неговата важна улога во одбранбената линија во изминатите сезони.
Засега не е познато каде Конате ќе ја продолжи кариерата, но интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти кои сакаат да ја искористат можноста да доведат играч од негов калибар без да платат трансферна сума.
Со ова Ливерпул ќе биде принуден да бара ново решение во срцето на одбраната пред почетокот на новата сезона.

