Бизнисменот Мири го подмири долгот, Палермо избегна бодовна казна

Бизнисменот Дамир Мири плати 2,8 милиони евра и го спаси Палермо од санкции во Серија Б и можно одземање на бодови, што висеше како голема закана за амбициите на клубот да се врати во Серија А.

Мири и челниците на Палермо се договорија околу полноќ, но потрагата по нов сопственик продолжува. За возврат Мири и неговата компанија „Дамир срл“ во следните пет години ќе имаат можност да го користат брендот Палермо во рекламни цели.

Со парите ќе се исплатат сите долгови, а Палермо избегна казна од четири бода. За клубот од Сицилија играат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Тимот моментно е на втората позиција на табелата со 42 бода, еден помалку од лидерот Бреша, а потегот на Мири ќе им остави простор поспокојно да ги доиграат преостанатите 15 кола и да се обидат да се вратат во елитата.

- Оглас -

Најнови вести