Бјелса имаше што да каже по елиминацијата на Лидс од Лига купот

Тренерот на Лидс, Марсело Бјелса, по елиминацијата на тимот од Лига купот на Англија на пенали од Хал, упати критики и до своите играчи, но и кон самиот себеси, прифаќајќи ја вината за поразот.

„Не игравме добро. Ниту добро се браневме, ниту добро напаѓавме“, изјави Бјелса, кој искористи дури деветмина играчи до 21 година, но не се вадеше на неискуство.

„Лошата игра не беше поради неискуство, туку бидејќи не успеавме да ја менаџираме подобро офанзивната игра на противникот. Во нападот имавме поискусни играчи, но не успеавме да направиме баланс. Тажен сум што испаднавме толку рано. Се чувствувам одговорен бидејќи не се подготвивме подобро, мислев дека овие фудбалери што играа ќе бидат попродуктивни“, рече популарниот Лудак.

Лидс в сабота има шанса да ја извојува првата победа сезонава бидејќи дома игра премиерлигашки меч со Фулам, кој исто како и Лидс, во минатата сезона беше член на Чемпионшип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести