Лос Анџелес лејкерс ја прекина низата од три порази по ред откако на свој терен беше убедлив и славеше над Атланта со 141:116, во еден од седумте натпревари кои се одиграа ноќеска во НБА-лигата.
Двете најголеми ѕвезди на Лејкерс, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, беа во вистински ритам, а кога е така, противниците немаат шанса. Џејмс го заврши мечот со 31 поен, 9 скока и 10 асистенции, што значи дека му фалеше само еден скок за да комплетира трипл-дабл. Последниот трипл-дабл Леброн го имаше на 1 февруари минатата година.
Дончиќ го заврши мечот со 27 поени и 12 асистенции. По оваа победа Лејкерс сега е на петото место на Западната конференција со 24 победи и 14 порази. Атланта го претрпе 22-риот пораз во 42 меча и е на деветтото место на Истокот.
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во НБА-лигата: Мајами – Феникс 127:121, Хјустон – Чикаго 119:113, Милвоки – Минесота 106:139, Њу Орлеанс – Денвер 116:122, Оклахома – Сан Антонио 119:98 и Голден стејт – Портланд 119:97.

