Скршен од тага Боатенг го напушти Катар, нема да игра во финалето на Светскиот клупски куп

Џером Боатенг нема да игра за Баерн во финалето на Светскиот клупски куп на ФИФА утре против Тигрес бидејќи веќе го напушти Катар.

Германскиот репрезентативец се врати во Германија од лични причини, како што објави клубот на својата официјална интернет-страница, но се знае дека причина е самоубиството на неговата неодамнешна девојка и вереница Касија Ленхарт.

Познатата манекенка беше пронајдена мртва во стан во Берлин само по една недела откако ја раскина врската со Боатенг.

Џером играше за Баерн во полуфиналето против Ал-Ахли како резерва од 77-мата минута. Ханси Флик и раководството на актуелниот германски и европски првак без проблем му дозволиле на 32-годишниот дефанзивец да се врати во Германија.

Утре од 19 часот во Ал-Рајан ќе се игра мечот за титулата меѓу Баерн и мексиканскиот Тигрес. Баварците беа привилегирани и одиграа само еден меч на турнирот и со головите на Роберт Левандовски го победија Ал-Ахли во полуфиналето, додека Мексиканците одиграа два меча.

Со головите на Пјер-Андре Жињак успеаја најпрво да го елиминираат Улсан Хјундаи со победа од 2:1, а потоа повторно со победнички гол на францускиот ас беа подобри од Палмеирас во полуфиналето на Светскиот клупски куп.

 

- Оглас -

Најнови вести