Бодче за Пандев и Џенова на гостувањето кај фенерџијата во Серија А

Горан Пандев и Џенова приредија мал подвиг и освоија еден бод на гостувањето кај Бреша, иако во раната фаза од мечот губеа со 2:0.

Пандев влезе во игра во 53. минута при негатива од 1:2 на гостите и одигра одлично, а Џенова со гол од пенал што го реализираше Пинамонти во 70. минута се спаси од пораз и ремизираше 2:2.

Бреша набрзина поведе со 2:0 со головите на Донарума и на Семприни во 10. и во 13. минута, но фенерџијата не успеа да ги освои бодовите.

Фалке од првиот пенал за Џенова погоди за намалување на предноста на домаќините во 38. минута, а потоа и вториот пенал за гостите беше успешно реализиран за реми на „Марио Ригамноти“.

Џенова остана на 17. место со 26 бода и на една позиција над зоната за испаѓање. Бреша има 18, колку и СПАЛ, а тие две екипи се на последните две места во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести