11.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Бодо/Глимт веќе е во лигашкиот дел на ЛШ, останатите три натпревари завршија нерешено! (Видео)

Само на еден од четирите натпревари од плејофот за пласман во лигашкиот дел на Лигата на шампионите вечерва имаше победник. Фудбалерите на Бодо/Глимт веќе може да го слават пласман во Лигата на шампионите бидејќи со 5-0 го растурија австрискиот Штурм.

На останатите три меча немаше победник и патниците во лигашкиот дел ќе се одлучуваат на реваншите. Базел и Копенхаген одиграа нерешено, 1-1, откако Шаќири од пенал погоди за водство на домашните, а гостите од Данска израмнија преку Габриел Переира.

Вистинско изненадување претставува ремито без голови, 0-0, на Селтик и Каират. Шампионот на Казахстан ги издржа налетите на фаворизираниот противник и ќе има шанса пред својата публика да се избори за место во Лигата на шампионите.

Голови немаше и на дербито на вечерта. Фенербахче и Бенфика одиграа 0-0 во Истанбул, па и на овој двомеч сите опции се отворени.

- Оглас -

Најнови вести