Богат специјален сингл во Sport Life за дербито во ЛШ – Левандовски и Милер одат на хет-трик против Барселона, коефициентот е 4.54

Роберт Левандовски и Томас Милер ќе одат на хет-трик против Барселона вечерва на „Камп ноу“, во дербито од првото коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

И двајцата постигнуваа голови на последните два меча меѓу Баер и Барса и ако има реприза вечерва од 21 часот, може да се дојде до убава добивка.

Во богатиот специјален сингл на Sport Life за дербито понудата за стрелци на голови е исклучително добра со 14-мина играчи на коишто може да се обложите дека ќе дадат гол.

Меѓу нив се и Левандовски со коефициент од 1.65 и Милер, за кого се нуди квота од 2.75, а и двајцата стрелаа прецизно на последните две пресметки меѓу двата гиганти.

Во реванш-полуфиналето во Лигата на шампионите во 2015 година Баерн ја победи Барселона во Минхен со 3:2, а Левандовски и Милер постигнаа по еден гол, но шпанскиот тим играше финале и го освои пехарот со триумф против Јувентус од 3:1.

Лани, во малку поинакви услови и во екот на пандемијата со ковид 19, се играше само еден меч и во четвртфиналето во Лисабон, Баерн ја декласира Барселона со неверојатни 8:2.

Милер постигна два гола, Левандовски еден и ако успеат да ја продолжат серијата, денеска вкупниот коефициент за нив двајцата во Специјалниот сингл е 4.54.

Специјалниот сингл на Sport Life за мегадербито меѓу Барселона и Баерн денеска не се пропушта и има безброј игри на коишто може да се обложите.

 

 

 

Баерн

- Оглас -

Најнови вести