Богдановиќ го надмина дури и Тони Кукоч

Бојан Богдановиќ на многу убав начин ја заврши 2022 година. Богдановиќ даде 28 поени во победата на неговиот Детроит на гостувањето кај Минесота во победата од 116:104 и стана Хрватот со најмногу постигнати поени во историјата на НБА лигата.

Бекот н Детроит постигна две слободни фрлања во првата четвртина и на тој начин стигна до вкупно 9.811 поени во НБА, надминувајќи го досегашниот рекорд на легендарниот Тони Кукоч, кој кариерата во НБА ја заврши со 9.810 поени. Уште една кошаркарска легенда, Дражен Петровиќ во НБА постигна 4.461 поени, но тој одигра само пет сезони, пред да загине во сообраќајна несреќа.

За Богдановиќ ова е 10-та сезона во НБА и секако дека уште оваа сезона има голема шанса да стане првиот Хрват со преку 10.000 поени во најсилната лига во светот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести