Бојан Миовски даде гол против Ренџерс во Глазгов! (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски, предизвика ерупција од воодушување на делот од трибините на славниот „Хемпден парк“ во Глазгов каде што се навивачите на Абердин, бидејќи со неговиот гол, гостите водат со 1-0 по првото полувреме против големиот Ренџерс во полуфиналето на Лига купот на Шкотска.

Прв финалист во купот е Селтик, а Абердин е на 45 минути од сензација и тоа благодарение на Миовски кој даде два гола, но првиот му беше поништен поради офсајд позиција.

Голот на Миовски може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести