Боксерската легенда се враќа во ринг после 13 години и порачува дека е појак од порано

Американскиот боксер Оскар Де ла Хоја се враќа во ринг после 13 години. Последниот дуел на Оскар беше во 2008 година кога загуби од Мани Пакјао, а сега има 48 години и полн е со самодоверба.

Де ла Хоја кој е некогашен светски и олимписки шампион, најави дека планира да се бори на 3 јули, и истакнува дека е „посилен и подобар од било кога порано“. Тој не планира да се појави во ринг само за една борба, туку ќе потпише договор за повеќе мечеви.

Според некои најави, желбата на Де ла Хоја е тој да се бори против Флојд Мејведер, против кого имаше битка во 2007 година. Тогаш Мејведер победи со одлука на судиите. Тој меч беше најлукративен во историјата на боксот во тоа време, приходите беа над 150 милиони долари.

Во 2015 година имаше идеја за нивен дуел, но тогаш Де ја Хоја одби, и рече дека му е добро во пензија, и не планира камбек во рингот. И Мејведер немал сериозен меч во последните години и се повлече како непоразен.

- Оглас -

Најнови вести