Боксинг деј тргна лудо со пресврт на Тотенхем (Видео)

Хари Кејн и Деле Али со голови во второто полувреме му донесоа победа на Тотенхем во премиерниот меч од празничното коло во Премиер лигата.

Славниот Боксинг деј почна лудо, со комплетен пресврт, а го режираа избраниците на Жозе Мурињо. Брајтон поведе со голот на Адам Вебстер во 37-мата минута, откако претходно на Кејн му беше поништен гол со потврда од ВАР-системот.

Сепак, репрезентативецот на Англија погоди регуларно во 53-тата минута и израмни на 1:1, а победата на домаќинот ја донесе Деле Али со погодок во 72-рата минута.

https://twitter.com/D9INE_PREMIER/status/1210198859642621954?s=20

Денеска се играат уште 8 натпревари од 19-тото коло во Премиер лигата, кое завршува утре со дуелот меѓу Вулверхемптон и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести