Египет буквално немаше милост и ѝ нанесе тежок пораз на македонската ракометна репрезентација со убедливи 38:19.
Катастрофата од првото полувреме продолжи за нашата селекција, домаќините беа настроени да ја полнат мрежата на Македонија во секоја прилика.
Дури во 41-та минута Македонија стигна до двоцифрен број на погодоци откако во првите 30 минути реализиравме само шест гола.
Во ситуација кога поразот беше јасен и разликата во голови беше околу 20, Брестовац ги пушти помладите ракометари на терен кои внесоа свежина, меѓутоа Египет речиси без грешка ги завршуваше сите напади.
Лазаров и Пешевски со по три погодоци беа најефикасни во нашиот состав, Мамдух со 8/8 беше неприкосновен и прв стрелец на Египет.