Болоња бега од опасната зона

Со три гола во второто полувреме, Болоња го победи Киево и по подолг период не е меѓу најзагрозените три екипи во Серија А.

Болоњезите само за 180 секунди погодија два пенали, а тоа умешно го стори Чилеанецот Ерик Пулгар, кој погоди во 65-тата и во 68-мата минута од белата точка.

Дијкс во финишот само ја потврди победата против тимот што веќе е отпишан и од следната сезона ќе игра во Серија Б. Киево има само 11 бодови и е убедливо последен на табелата во Калчото.

Болоња по 31-вото коло има 30 бодови на 17-тото место, последно што гарантира продолжување на прволигашкиот престој во најсилната италијанска лига.

- Оглас -

Најнови вести