Болоња навреме се буди и бега од испаѓање во Серија Б

Со победата на гостувањето кај Торино од 3-2, Болоња потврди дека формата на тимот е во нагорна линија. За Болоња ова е втора победа по ред, па сега болоњезите се искачија на 17 место, со два бода повеќе од Емполи, и кога денеска би завршила лигата, екипата на Болоња би останала во Серија А.

Двата тима мечот со завршија со десет играчи, откако во финишот им беше исклучен по еден играч.

Торино брка место во Европа, па овој кикс им дојде во незгоден момент и претставува чекор назад во трката со римските тимови, Аталанта и Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести