Бомба од Италија – Мурињо е нов тренер на Рома

Вистинска фудбалска бомба се случи во Италија, а објавено е дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Рома од идната сезона.

На клупскиот сајт е објавено дека Специјалниот се враќа на Чизмата, сега како шеф на стручниот штаб на клубот од Рим, а договорот е на три години.

Мурињо неодамна доби отказ во Тотенхем, но не чекаше многу за нова работа.

Португалецот веќе беше тренер во Италија, од 2008 до 2010 во Интер, каде што во последната сезона ја освои популарната Триплета, со триумф во Серија А, во Лигата на шампионите и во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести