Нова „магија“ на Меси, Аргентинецот со два гола донесе победа на историски меч во МЛС (Видео)

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето во Колорадо, во меч од МЛС шампионатот на САД, а во глава улога беше Лионел Меси. Легендарниот аргентински виртуоз покажа дека уште е незадржлив, постигнувајќи два гола во победата на неговиот тим.

Меси прво погоди во 18 минута од пенал за водство на Интер Мајами од 1:0. За Меси ова беше вкупно 113 погодок од пенал во кариерата, а има промашено само 31 удар од белата точка.

Гостите од Мајами на полувреме водеа и со 2:0 откако прецизен беше Бертераме. Сепак Колорадо не се предаде и во првите 15-тина минути од второто полувреме домаќините постигнаа два гола за израмнување на 2:2. Да не биде нерешено се погрижи повторно Меси.

Аргентинецот направи еден соло продор, а потоа во негов стил успеа да ја пласира топката во мрежата покрај немоќниот голман на домаќините. Овој прекрасен погодок беше вкупно 905-ти за Меси во кариерата. Откако дојде во Интер Мајами, Меси има одиграно 97 натпревари, а досега постигна 85 погодоци, плус има и 43 асистенции.

Шоуто на Меси на стадионот во Колорадо го гледаа 75.824 гледачи што е втот најгледан меч во историјата на МЛС шампионатот.

За Интер Мајами ова беше четврта победа во осмиот меч сезонава и со 15 бодови тимот се искачи на второто место на табелата во Источната конференција, зад лидерот Нешвил кој има 19 бодови.

- Оглас -

Најнови вести