„Бомба“ од Шпанија: Кристијано Роналдо се сели во Челзи!

Кристијано Роналдо наводно е пред сензационално враќање во Премиер лигата, а неговиот нов тим треба да биде Челзи. Информациите доаѓаат од Шпанија, Сините се подготвени за нова „трансфер-бомба“ која дефинитивно ќе го одбележи претстојниот преоден рок.

Сумата за која Роналдо треба да пристигне на „Стемфорд бриџ“ е 120 милиони евра, која Абрамович без проблем би ја платил за да го засили тимот на Френк Лампард со петкратниот европски првак. Наводно, неговиот агент Жорж Мендеш веќе ги започнал преговорите, а се претпоставува дека Роналдо ќе прифати и намалување на платата, моментално заработува 31 милион евра годишно во Јувентус.

Бјанконерите пред две лета го ангажираа Роналдо за 105 милиони евра од редовите на Реал Мадрид, па иако Португалецот има 35 години, Јувентус ќе профотира од негова евентуална продажба. Што се однесува за Челзи, Роналдо би требало да биде најголемиот ангажман, а претходно го договорија Зијех од Ајакс, додека Вернер е на прагот да стане нивен член.

Инаку Роналдо од 2003 до 2009 година со голем успех го носеше дресот на Манчестер јунајтед, па ќе биде интересно да се види како ќе биде пречекан на „Олд Трафорд“ како ривал доколку се оствари овој мегатрансфер.

- Оглас -

Најнови вести