Бомбардер без муниција – Клучниот промашен пенал го преслика очајното издание на Мбапе

Килијан Мбапе нема по добро да го памети својот прв настап на Европските првенства откако вчера го промаши клучниот пенал против Швајцарија во рулетот и ја остави фаворизираната Франција без пласман во четвртфиналето. Но, не е само промашениот пенал, целиот настап на Мбапе на ова ЕП беше очаен.

Ѕвездата на ПСЖ изгради одлична голгетерска форма на клупски план претходно сезонава. Беше најдобар стрелец во Лига 1 со 27 гола, односно постигна 42 во сите натпреварувања, па токму од него се очекуваше експлозија, но се случи спротивното.

Мбапе го заврши првенството без постигнат гол, а упати дури 14 шута во максимални 390 минути поминати на теренот.

- Оглас -

Најнови вести