Вардар има предност од два гола разлика, 11:9 против ППД Загреб по првото полувреме од 30 минути игра, на меч од Лигата на шампионите.
Црвено-црните имаа само петмина стрелци во првото полувреме, но најважно е што со предност ќе го почнат второто полувреме.
Клучна за предноста беше серијата од 4:0 во последната третина од првото полувреме, со која Вардар направи пресврт и од 5:6 дојде до предност од 9:6.
Оливие Њокас и Валчак постигнаа по три гола, два даде Куни Моралес, од кои едниот беше ремек-дело.
https://twitter.com/ehfcl/status/1496577231476436992?s=20&t=e45qboaTNQKUTt565H66iw
Гоце Георгиевски постигна два гола, а Тото еднаш ја затресе мрежата на гостите во тврдо прво полувреме со малку голови.