Борба за живот: Што точно се случуваше на трибините на стадионот во Кадиз (Видео)

Навивачот на Кадиз на кого му се слоши на трибините на стадионот во Кадиз, конечно е пренесен во болница. Мечот Кадиз – Барселона имаше прекин повеќе од половина час, затоа што на трибините траеше борбата за живот на човекот кој доби проблеми со срцето.

Голманот на Кадиз Ледесма прв реагираше откако истрча преку целиот терен и од лекарите побара дефибрилатор и веднаш го испрати на трибината каде што беше навивачот на кого му беше потребна помош.

https://twitter.com/i/status/1568672255550566402

На трибината веднаш се направи доволно простор за лекарите да може непречено да помогнат. Дури и останатите навивачи помагаа на начин на кој можеа. Носилките кои беа потребни за навивачот на кој му беше потребна помош беа донесени буквално од рака на рака на навивачите.

Останува да се надеваме дека човекот ќе ја добие оваа најважна битка и дека повторно ќе може да ужива во фудбалските мајстории.

- Оглас -

Најнови вести