Борбата на Верстапен и Норис по која двајцата настрадаа, а Расел искористи (Видео)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел е неочекуван победник на Ф1 трката за Големата награда на Австрија. Инзнеадувачкиот триумф на Расел му се насмевна на неколку круга до крајот. Во текот на целата трка Макс Верстапен и Ландо Норис беа во битка за првото место, но во еден момент кога Норис тргна офанзивно во обид да го помине актуелниот светски првак, билидите на двата возачи се судрија и се оштетија.

Болидот на Норис беше толку многу оштетен што мораше веднаш да се паркира во боксот, додека Верстапен од боксот излезе и на крајот стигна до петото место.

Расел на крајот се радуваше откако двајцата најдобри „се скараа“ за првото место.

- Оглас -

Најнови вести