22.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Борбеноста не беше доволна, фалеа тројки и скок за победа

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз ги почна претквалификациите за Светското првенство кое во 2027 година ќе се игра во Катар. Нашите кошаркари во Куманово беа поразени од Романија со 72-80.

Романците имаа подобар шут за три поени и скок, но се влезе во неизвесна завршница. После водството од 69-68 за Македонија, Дикулеску кој во тие моменти играше со четири фаули, постигна осум поени по ред за 69-76 и ја направи клучната разлика.

Џејкоб Вајли заврши со 28 поени, од кои 27 во првите три четвртини. Освен него, двоцифрен број поени во македонската селекција имаше уште Андреј Митревски и Адем Мекиќ со по 10. Романија даде 12 тројки, двојно повеќе од нас, а имаа и 14 скока повеќе.

Следниот меч од овој циклус за Црвено-жолтите е на 9-ти август на гости против Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести