Борец испушти шанса да биде лидер, мешаница на врвот, Вардар ги остави струмичани на дното

Ослабениот Вардар со голот на Блажевски од пенал во 77-ма минута, славеше со 1-0 на гостувањето кај Академија Пандев, и освои три важни бода, покажувајќи дека нема да биде лесен плен, иако тимот е недоволно подготвен и си заминаа голем број играчи.

После првите две кола, ниту еден тим нема максимални 6 бода, а на дното се двата струмички прволигаши кои стартуваа со два порази и заедно со Струга, тоа се три екипи кои немаат дадено гол сезонава. Борец испушти прилика да го „поведе орото“, бидејќи во самиот финиш Ренова изедначи и на велешани им скрати два бода со кои ќе беа први.

РЕЗУЛТАТИ, 2 КОЛО: Академија Пандев – Вардар 0-1, Борец – Ренова 1-1, Шкендија – Струга Трим Лум 2-0, Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 3-1. Завчера: Силекс – Пелистер 2-2. Вчера: Работнички – Беласица 2-0.

ТАБЕЛА: Силекс, Шкупи, Шкендија, Пелистер и Борец по 4 бода, Работнички, Македонија ЃП и Вардар по 3, Ренова 2, Струга 1, додека А. Пандев и Беласица засега немаат бодови.

- Оглас -

Најнови вести