Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можност да ја одбранат европската титула. По враќањето во Париз, тренерот Луис Енрике закажал заедничка вечера за тимот, но сите зборуваат за потегот што Шпанецот го направил на крајот.
Иако ПСЖ ниту оваа сезона не стартуваше најдобро, машинеријата на Енрике со текот на времето ја покажа својата сила и успеа да обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите.
Францускиот клуб ќе има можност да го одбрани трофејот освоен минатата сезона, а противник во големото финале, кое ќе се игра во Будимпешта, ќе биде Арсенал.
Екипата на ПСЖ се врати во Париз кратко по натпреварот на „Алијанц арената“ против Баерн Минхен, а играчите повторно се собрале иако имале слободен ден.
Француските медиуми објавија дека тимот на ПСЖ синоќа бил на заедничка вечера во еден познат париски ресторан, а иницијатор на сè бил токму Луис Енрике.
Енрике решил да ја собере екипата за да го прослават пласманот во големото финале на Лигата на шампионите, но тоа не било единствената причина за заедничката вечера.
Имено, шпанскиот стратег денес го слави својот 56-ти роденден и токму тоа било главниот повод за синоќешното дружење.
Сепак, потегот што Енрике го направил на крајот никој не го очекувал бидејќи Шпанецот воопшто не се појавил на вечерата.
На вечерата пристигнале сите фудбалери на ПСЖ и го чекале тренерот, но Енрике не дошол затоа што сакал играчите максимално да се опуштат и да уживаат, без чувство дека тој ги набљудува што прават.
Тоа само покажува каква атмосфера владее во соблекувалната на ПСЖ и колкава доверба има Луис Енрике во своите фудбалери.
Шпанецот ги покрил сите трошоци за вечерата, а дружењето на играчите траело неколку часа.

