Борнмут во реваншот против Брентфорд на 22 мај ќе влезе со минимална предност од 1-0 благодарение на голот на Џанхума во 55-тата минута, со што се реши мечот на „Виталити“ стадионот.
Црешите со овој гол се поблиску до финалето од разигрувањата кое ќе се игра на „Вембли“, а доколку стигнат таму, за експресно враќање во Премиер лигата ќе се борат против подобриот од двомечот меѓу Барнсли и Свонси.