Борба за влез во Серија Б и четири репрезентативни пресметки

3055 Бреша – Асколи (20:30 ч.)

Ова е дуел на два клуба кои не толку оддамна беа и во Серија А, а сега играат прв меч од плејоф-финалето за влез во Серија Б. Бреша важи за тим кој игра многу дефанзивно и главна цел му е да не прими гол. Токму затоа не е чудно што на 11 од последните 13 средби што ги одигра имаше максимум два погодока.

Ако се знае дека и сега влогот е многу голем, односно влез во еден ранг погоре, а и фактот дека има и реванш, може да се очекува претпазлива игра со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.95)

 

6850 Велс – Гана (20:45 ч.)

Гана ги прави последните подготовки пред настапот на Светското првенство, додека Велс не успеа да биде на завршницата од Мундијалот откако дома беше елиминиран од Босна и Херцеговина. Во изминативе шест месеци Гана одигра пет контролни дуели и сите ги загуби, и тоа од Јапонија (2:0), Јужна Кореја (1:0), Австрија (5:1), Германија (2:1) и Мексико (2:0).

Гана сигурно ќе се обиде да ја прекине лошата низа од пет порази, но и Велс не е научен да губи на свој терен во Кардиф.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

6805 Хрватска – Белгија (18 ч.)

Две селекции кои секогаш се како „фаворити од сенка“, па така ќе биде и на Мундијалот 2026. Хрватска имаше низа од осум победи и едно реми, а таа убава низа ја прекинаа со поразот од Бразил (3:1). Белгија е без пораз на последните 11 дуели (седум победи и четири ремија).

Двете селекции негуваа офанзивен фудбал, играат без многу калкулации, па може да се очекува меч со погодоци на двете страни, а, секако, благ фаворит се Коцкестите затоа што мечот се игра во Риека.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.91)

 

6814 Грузија – Романија (19 ч.)

Овој меч за двете селекции ќе послужи како подготовка за следниот настап во Лигата на нациите затоа што летово нема да играат на СП.

На последните четири меѓусебни пресметки имало три или повеќе погодоци. Вкупно имаат одиграно шест дуели меѓу себе, а Романија има четири победи, еднаш било нерешено, а Грузија победи во нивната последна пресметка, и тоа со 2:1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

6053 Мароко – Мадагаскар (19 ч.)

Единствената африканска селекција која е во Топ 10 на ФИФА-листата игра против ривал кој е на 104-тото место во светски рамки. Јаско е дека Мароко е голем фаворит, но не треба да се заборави дека Мадагаскар е во нагорна форма и во последните 12 средби што ги одигра има само два пораза.

Тоа е селекција која сака да игра отворен фудбал и нема да биде изненадување ако има повеќе погодоци.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.66)

 

- Оглас -

Најнови вести