Столе Димитриевски останува во Валенсија до 2028 година, откако „лилјаците“ го известиле дека ја активираат клаузулата од неговиот договор. Според таа клаузула, Валенсија може еднострано да му го продолжи договорот на уште две години, а македонскиот голман ќе добие бонус од 500.000 евра, како и поголема плата за новиот договор.
Оваа информација ја пренесоа локалните медиуми во Валенсија, а тоа е само знак дека на „Местаља“ и тоа како се задоволни од прикажаното на нашиот голман во изминатиот период. Димитриевски откако беше во втор план, ја дочека својата шанса и максимално ја искористи со одличните одбрани, посебно во пролетниот дел од сезона, кога Валенсија од борба за опстанок успеа да се искачи на табелата и да дојде дури во битка за пласман во фудбалска Европа.

