Со натпреварот Баерн Минхен – Херта, вечерва се отвора новата сезона во германскиот фудбалски шампионат. Баварците го бранат тронот кој не го испуштаат веќе седум години по ред, а повторно најголема опасност доаѓа од Борусија Дортмунд, која го победи Баерн во Суперкупот.
Баерн летово се засили со Французите Павар и Лукас Ернандес, неодамна го донесоа на позајмица и Перишиќ, но тоа не е доволно. Не го купија Сане, а останаа без легендите Робен и Рибери. Ако не земат уште еден квалитетен играч на крилните позиции, ќе се смета дека тимот не е ништо подобар од ланскиот.
Борусија беше првак во 2012 година, а потоа почна доминацијата на Баерн. „Милионерите“ го вратија Хумелс, ново име е и бекот Шулц, кој играше за Хофенхајм. Освежувањето на одбраната им беше потребно бидејќи во минатата сезона примаа голови кои се покажаа како кобни и поради тоа не успеаја да ја освојат титулата. Средниот ред го подновија со Брандт и Торган Азар.
Ново име во Бундеслигата е клубот Падерборн, кој има неверојатно патешествие во последните пет години. Од аматерските лиги, за една деценија дојдоа до првата германска лига, иако имаа и три испаѓања. Падерборн во првото коло игра со Баер Леверкузен.