На Мастерсот во Мадрид ќе го најдобро можно финале, Синер може да направи нешто невидено

Александер Зверев и Јаник Синер ќе играат во финалето на Мастерсот во Мадрид кој се игра на земјена подлога, а со оглед на рејтингот кој го имаат, тоа е и најдоброто финале кое можеше да се случи со оглед на отсуството на Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.

Германскиот тенисер по четврти пат во кариерата ќе игра финале (има две титули, оди по трета) во Мадрид, повеќе финалиња од него во шпанската престолнина имаат само Рафаел Надал и Роџер Федерер. Но, против него утре ќе биде првиот носител и тенисер кој може да стане прв во историјата со пет освоени Мастерс 1000 турнири едноподруго. 

„Кога си број 1 во светот, под притисок си секоја недела. Мислам дека тој е навикнат на тоа. Јаник е прилично опуштен човек во тој поглед. Мислам дека во моментов едноставно ужива во тенисот. Игра лесно, можеби ќе можам малку да му го отежнам животот. Сум го победил четири пати, но ги загубив последните осум натпревари против него. Тој е најдобриот играч на светот“, рече Зверев 

Синер ќе се обиде да ја освои својата прва титула во Мадрид. Тој е најмладиот играч во историјата кој стигнал до финале на сите 9 турнири од серијата Мастерс 1000, има серија од 22 победи по ред, а ако го добие и финалето, ќе стане првиот тенисер во историјата што освоил пет последователни титули на АТП Мастерс 1000. 

- Оглас -

Најнови вести