Борусија не смее да калкулира, мора сама да си ја заврши работата

1801 Борусија Дортмунд – Мајнц (15.30 часот)

Денеска е денот кој во Дортмунд го чекаа повеќе од десет години, со победа над Мајнц, Борусија ќе ја освои титулата. Мотивите се огромни и шансата не смее да биде пропуштена. Мајнц има четири порази по ред и на сите четири меча примаа барем три гола, немаат шанси за излез во Европа, па ќе играат за својата чест, а индиректно и за Баерн. Борусија само со победа е сигурен шампион, ако ремизира или загуби, тогаш ќе зависи од исходот на мечот Келн – Баерн. Борусија има низа од четири победи по ред во дуелите со Мајнц.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

1011 Ковентри – Лутон (17.45 часот)

Финалето на плејофот во англискиот Чемпионшип не за џабе го нарекуваат најскап меч на светот, бидејќи победникот влегува во Премиер лигата и добива огромна сума на пари. На „Вембли“ ќе се води голема битка помеѓу клуб (Ковентри) кој повеќе од 20 години не бил во Премиер лигата и клуб (Лутон таун) кој може да испише историја и првпат да стане член на елитното друштво.  Меѓусебните дуели сезонава им завршуваа нерешено, 2-2 и 1-1. Лутон е благ фаворит, а и традицијата е  на нивна страна, шест години не загубиле од Ковентри.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

3004 Фиорентина – Рома (18.00 часот)

Рома веќе пет кола по ред нема победа, а и вечерва можеби ќе калкулираат затоа што веќе за четири дена играат финале од Лига Европа, меч кој може да им донесе пласман во Лигата на шампионите. Фиорентина игра променливо, веројатно атмосферата во тимот не е добра после поразот во финалето на купот на Италија. Рома има само една победа на последните десет гостувања во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.61)

 

1301 Севилја – Реал Мадрид (19.00 часот)

Севилја мора да мисли на финалето во Лига Европа, но играњето против Реал секогаш е мотив. Фановите на Севилја најавија бојкот поради „помилувањето“ на Винисиус. Бразилецот нема да игра вечерва, како ни Бензема и Асенсио, па нападот на Кралскиот клуб ќе биде отапен и ќе мора да го предводи Родриго. Реал е најефикасен тим во Ла Лига, но со ваков состав, којзнае што може да направат. Ќе го нема ни Карвахал, а кај Севилја отсутни ќе бидат Хесус Навас и Геј. Реал победуваше минимално на претходните три гостувања кај Севилја,  а нерешено не било уште од 2005.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1704 Лил – Нант (21.00 часот)

Ова е дуел на кој на двата тима им требаат бодовите, на домашните за излез во Европа, на гостите за опстанок. Нант освои само еден бод во последните четири кола, а Лил освои четири бода во претходните две рунди. Домашните се фаворити, Нант од 5 февруари наваму не знае за победа на гости, но никогаш не смее да се потценат екипи кои се борат за опстанок.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.73)

- Оглас -

Најнови вести