Борусија се изнапромашува и во последната минута остана без победа

ФУдбалерите на Борусија Менхенгладбах и Вердер одигра 2:2 во првиот натпревар од 25-то коло во Бундеслигата. И двете екипи, натпреварот го започнаа со ист број бодови на табелата (31) и на делба на десеттата позиција.

Домашниот тим беше подобар, упати дури 21 шут кон голот на Зетерер, од кои девет завршија во рамките на голот, наспроти трите на Вердер, но средбата заврши без победник.

Во прото полувреме немаше голови, а на стартот на вториот дел, Тирам го отвори резултатот. Вердер израмни во 65-та минута преку Дукш, но Нојхаус повторно донесе предност за Борусија.

Иако имаа неколку одлични шанси да ја заверат победата, домашните фудбалери не ги реализираа и казната ги стигна во 89-та минута кога Дукш постигна гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести