Бош период за Баер Леверкузен, „фармацевтите“ го сменија тренерот

Баер Леверкузен го смени тренерот Петер Бош и на негово место го именува Ханес Волф како решение до крајот на оваа сезона.

Популарните Фармацевти од Леверкузен имаат само една победа на последните 8 меча во различни натпреварувања што доведе до ситуација да си замине тренерот.

Ситуацијата ја разнишаа двата сензационални порази од Јанг Бојс за елиминација од Европа Лигата, а потоа и трите порази од Фрајбург, Арминија и Херта кои се по ранг послаби екипи од Баер.

Раководството на шестопласираниот тим во Бундеслигата објави дека Волф ќе биде решение до крајот на сезоната, а како главен асистент ќе му помага Петер Херман.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести