Бостон е елиминиран, НБА лигата ќе добие нов шампион! (Видео)

НБА лигата ќе добие нов шампион, откако Бостон загуби на гостувањето кај Њујорк со 119-81, а со тоа ја загуби и серијата со 4-2, па за нив сезоната заврши. Њујорк после 25 години ќе игра во конференциското финале на Истокот, а таму противник ќе им биде Индијана.

Малку изненадувачки за конференциско полуфинале, но Њујорк успеа да ги добие сите четири четвртини против актуелниот шампион, а дури четворица кошаркари на Никси постигнаа по најмалку 20 поени.

Првиот период заврши во корист на домашните со 26-20, а патникот во финалето на Истокот се насетуваше на полувремето, бидејќи Њујорк имаше убедливи 64-37. Овие 27 поени разлика пораснаа за дополнителни осум во третата четвртина, а последната иако беше формалност, повторно ја добија домашните со 27-24.

- Оглас -

Најнови вести