Бостон на колена во мајсторката, Сент Луис ја освои историската прва титула

Сент Луис блус е новиот шампион на НХЛ-лигата за сезоната 2018/19 откако во мајсторката против Бостон бруинс триумфираше со убедливи 4-1 и ја освои првата титула во историјата на оваа франшиза. Гостите од Mисури целокупно во оваа финална серија се сметаа за аутсајдери, но потполно го надиграа шесткраниот првак во одлучувачкиот дуел, па среде Бостон се славеше историскиот подвиг.

Иако домаќините на стартот се обидуваа да наметнат свој ритам и да диктираат темпо, нивните закани не беа доволни да се дојде до прва предност на мечот, па хокеарите на Сент Луис од вкупно четири шута во првиот период, реализираа два гола преку О‘Рајли и Пјетранџело.

Блус го чуваше водството од 2-0 сè до 10-тата минута од третиот период, а потоа тоа го зголеми за двојно со погодоците на Шен и Сенфорд. Во преостанатите пет минути од средбата, Бостон не можеше да ја стигне негативата од четири гола, а Грзелчик го постигна почесниот гол за домашната екипа.

Oва е прв трофеј на Стенли купот за Сент Луис по три последователно загубени финалиња по 1968, 1969 и 1970 година.

- Оглас -

Најнови вести