Ботафого има прилика да разбие малер кој ги бие веќе десет години

2606 Гетеборг – Халмстад  (17.30 часот)

Гетеборг сезонава е очаен, има само една победа и прескромни 9 бодови по 15 одиграни кола и се наоѓа на претпоследната позиција во шведската лига. На нивните мечеви ретко кога има 3+ голови. Халмстад е петти на табелата и има серија од седум меча без пораз. Инаку и тие се тим со повеќе примени отколку постигнати голови. На 2 јули кога овие екипи се сретнаа во Халмстад, средбата заврши 0-0. Халмстад дури 13 години не знае за победа над Гетеборг.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.19)

 

1671 Антверп – Мехелен (18.00 часот)

Ова е дуел од Суперкупот на Белгија, а се игра на стадионот на првакот Антверпен, па затоа и домашните се фаворити според квотите. Антверп пролетоска на супер драматичен начин дојде до титулата, а сега има прилика да освои уште еден трофеј. Во април овие два тима се сретнаа и во финалето на Купот, тогаш победи Антверп со 2-0. Мехелен летово игра добро и ефикасно во подготвителниот период, но против Антверп на три меча по ред губи без да постигне гол.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.24)

 

2508 Стромгодсет – Розенборг (19.15 часот)

За Стромгодсет во минатото коло заврши низата од четири победи едноподруго, а Розенборг победи и прекина серија од три порази по ред. Стромгодсет сезонава има само две ремија во 14 кола и тоа двете на гости, дома досега или победуваа или губеа. Традицијата вели дека кога игтраат овие два тима, екипата која е гостин, ретко победува, во 2018 година беше последниот случај на триумф на Розенборг на гости против Стромгодсет.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.73)

 

4249 Сантош – Ботафого (21.00 часот)

Ботафого е доминантен сезонава во бразилската Серија А, има 13 победи во 15 кола, и само седум примени голови. Тимот од Рио не примил гол во лигашки меч уште од 3-ти јуни. Од друга страна Сантош има четири порази во последните пет кола. Ботафого со 3-0 го доби последниот дуел против Сантош, но последната нивна пресметка во Сао Пауло, пред една година, заврши со победа на Сантош од 2-0. Ботафого цела деценија не победил на гости кај Сантош, сега им е шанса да го прекинат малерот.

Предлог тип: 2 (2.07)

 

4203 Атл. Тукуман – Индепендиенте (21.30 часот)

Атлетико Тукуман и Индепендиенте се тимови кои сезонава често ремизираат, имаат по десет нерешени резултати, и бројот на нерешени игри им е поголем од тој на победи или порази. Домашните се во добра форма, освоија 10 бода во последните четири кола, па сега имаат три бода повеќе од Индепендиенте кој истотака не е лош, освои 7 од можни 12 бода во последните четири рунди. Во последните пет години, сите нивни меѓусебни дуели завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести