Ботас му се заканува на Хамилтон: Стартното место ми е добро, ќе биде интересно на кривината 5

Луис Хамилтон со рекорд на патеката, беше убедливо најбрз на вчерашните официјални квалификации и денеска од 15 часот ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошамп, но и неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, има амбиции да победи. Ботас верува дека конфигурацијата на патеката е таква, што му дава шанса да го претекне лидерот уште во првите кривини.

Финецот кој заостана доста во квалификациите, најавува дека на трката ќе го нападне Хамилтон, како што Себастијан Фетел го направи тоа преклани против Хамилтон, кога пилотот на Ферари тргна од втората позиција.

„Не сум премногу загрижен што не ја освоив пол-позицијата, бидејќи знам дека тука на Спа, второто место е добро за старт. Може да биде интересно на кривината 5. Ќе треба да нападнам ако сакам да ги задржам шансите за титулата. Ништо не е загубено додека не биде дефинитивно завршено. Мислам дека првиот круг нуди добра можност на Спа“ – вели Ботас кој никогаш не бил прв или втор на трка во Белгија.

 

- Оглас -

Најнови вести