Божикна традиција, навивачите на Бетис го затрупаа теренот со играчки за сиромашните деца (Фото)

Навивачите на Бетис од Севилја имаа многу причини за радост и задоволство кога си заминаа дома после натпреварот со Реал Сосиедад.

Ем Зелено-белите извојуваа победа од 4-0 и избија на трето место на табелата во шпанската лига, ем направија прекрасен гест и ја продолжија традицијата, на последниот домашен меч пред католички Божик, на терен да фрлат играчки, кои се собираат и им се подаруваат на сиромашни деца.

Штета што нема повеќе клубови кои го прават ова.

- Оглас -

Најнови вести