Брајтон го носи најскапиот фудбалер во историјата на клубот

Екипата на Брајтон во минатата сезона во Премиер лигата беше едно од најпријатните изненадувања и на крајот заврши на шестото место со што обезбеди пласман во Лигата на Европа. По завршување на сезоната, Брајтон го продаде Алекс Мекалистер во Ливерпул, па челниците на клубот беа во потрага по соодветна замена.

На почетокот на летниот преоден рок во Брајтон пристигна Жоао Педро од Ватфорд за рекорден трансфер од 34 милиони евра, а сега тој трансфер ќе биде надминат. Брајтон ќе одвои 40 милиони евра за да го доведе Мохамед Кудус од Ајакс.

За Кудус се интересираа и Челзи и Арсенал, но Ајакс ја прифати понудата на Брајтон, па тој треба да биде големо засилување во составот на тренерот Де Зерби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести