Брајтон го победи Евертон во чудесен меч

Брајтон ги освои трите бода против Евертон во меч на кој погодокот за победа на домаќините беше постигнат во 94 минута. Неверојатно интересен беше дуелот на кој домаќините поведоа со 1:0 со голот на Грос во 15 минута. Само пет минути подоцна Вебстер си даде автогол за радост на гостите и 1:1 на полувреме. Во вториот дел Евертон поведе со 2:1, а потоа следуваа драматчини последни 10-тина минути.

Мупај погоди од пенал во 80 минута за 2:2, а кога се очекуваше мечот да заврши нерешено, во 94 минута, Брајтон беше во напад, а Дигне си даде автогол за голема радост на домашните фанови.

На дуелот меѓу Ватфорд и Борнмут, немаше погодоци. Уште пред почеток на овој меч, се потенцираше дека ремито може да е најреален исход на крајот. Статистиката покажуваше дека во претходните осум премиерлигашки дуели меѓу овие два клуба, дури шест пати било нерешено. Тие 75 отсто за реми пред мечот, на крајот се претворија во 100 отсто нерешено и тоа без погодоци.

По еден гол за по еден бод дадоа Вест хем и Шефилд. Вечерва се игра само уште еден меч од Премиер лигата и тоа меѓу Барнли и Челзи. За утре е закажано дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем,.

- Оглас -

Најнови вести