Брајтон и Сити ремизираа во натпревар со три поништени погодоци (Видео)

Екипите на Брајтон и Манчестер Сити одиграа нерешено, 1-1, во натпревар без големо резултатско значење. Она што е за одбележување на овој натпревар се трите поништени погодоци. ВАР-системот беше немилосрден и поништи два погодоци за домашните и еден за гостите. За Брајтон не беа признати погодоците на Митома, поради играње со рака, и на Велбек поради офсајд. За Манчестер Сити поништен беше погодокот на Халанд поради фаул во напад.

Што се однесува до головите што беа признати, “граѓаните“ дојдоа во водство преку Фил Фоден во 25-тата минута.

Конечните 1-1 ги постави Хуслио Енсисо во 39-тата минута.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести