Брајтон игра магично, тинејџерот Фергусон го сруши Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Брајтон таму каде што застанаа минатата сезона, продолжуваат во оваа и денеска му одржаа лекција по фудбал на Њукасл.

Галебите славеа со 3:1 и по четири кола имаат освоено девет бода, три помалку од лидерот Манчестер сити.

Херој на Брајтон беше младиот Еван Фергусон кој ги постигна трите гола. Младиот фудбалер стана четвртиот фудбалер кој со 18 или помалку години, остварил хет-трик во натпревар во Премиер лигата. Пред него, тоа им успеало само на Крис Барт-Вилијамс, Роби Фаулер и на Мајкл Овен кој дури трипати остварил хет-трик како тинејџер.

Првиот гол Фергусон го постигна во 27-та минута и може да го погледнете ТУКА.

Во второто полувреме, Фергусон за само пет минути уште двапати го матира голманот на Њукасл, Ник Поуп, головите ги постигна во 65-та и во 70-та минута. Головите може да ги видите на овој ЛИНК и на овој ЛИНК.

Во судиското продолжение, Њукасл преку Калум Вилсон успеа да го ублажи поразот. Голот на Вилсон може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести