Брајтон со гол во 99-тата минута го победи Манчестер јунајтед и сега дури и Лигата на шампионите е реалност (Видео)

Фудбалерите на Брајтон продолжуваат со одличните игри сезонава во Премиер лигата и вечерва во заостанатиот натпревар од 28-мото коло со 1:0 го совлада Манчестер јунајтед и сериозно се замеша во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Брајтон по победата се искачи на шестото место на табелата со 55 освоени бода, осум помалку токму од вечерашниот противник, кој има и натпревар повеќе.

Херој на Брајтон е Аргентинецот Алексис Мекалистер, кој единствениот гол го постигна во деветтата минута од судиското продолжение, и тоа од пенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести