Браќа добија црвени картони на ист натпревар во една од посилните европски лиги

Фудбалерите на Арсенал Тула, замбиските браќа Кингс и Еванс Кангва, добија црвени картони на мечот против Уфа од руската Премиерлига, и ова е многу редок случај двајца браќа да поцрвенат на ист меч во некоја странска лига.

Кингс даде гол за 2-3, што беше и конечен резултат, но во 85-та минута доби втор жолт картон. Да остане покус, неговиот брат Еванс доби втор жолт во судиското продолжение, па тимот од Тула остана без двајца играчи и не можеше да се надева дека ќе избегне пораз.

- Оглас -

Најнови вести